Sponsored
Sponsored
Read Fatalité
Free Edition
Verified Content

Fatalité

4.75 • 16 ratings • 10 reviews
Overview
Компасот на животот меѓу светлината и темнината
кон романот Fatalité од Моника Игевска Ризова
Најголемиот напор да го извлечеме животот од темнината, од калта, од дното до пиедесталот на светлината да го изживееме барем во нашата заглавена мисла онака како што постојано посакуваме.Композицијата на еден роман е самостојно прикажување на градбата на еден или повеќе животи, на видливото и невидливото кое се носи како лично доживување, но и градбата на заблудите, желбите, доживувањата, љубовите, последиците намерни и ненамерни сторенија врзани за ликовите во романот.
Моника Игевска Ризова е специфично емотивен раскажувач. Таа своите импресии од наклоноста кон реалистичната комфорна литература ги пренесува на своите размисли при градбата на сопствените литературни креации во изгледот, постапките, времето кога, каде и како се случуваат настаните.
Композициски таа поседува еден видливо пулсирачки план на реализација на настаните кои се случуваат во мигот, но и на настани кои би се случиле во иднина или пак спонтан откривач базиран врз одредени минати мигови.
Концепцијата на Моника е постапките, логичните реакции, описите на местата, на ликовите, на временските показатели да ги прикаже до ситници, со тоа приказот е посликовит, веродостоен, по примамлив и прифатлив.
Големите мајстори на пишувањето знаат да видат што се случува и во темното, во нереченото или нестореното, како низ магла да наѕрат и да ја прикажат иднината. При тоа користат сопствени методи, проекции, фикции, кои често наликуваат како да се фељтонски прикажани или земени од некој стар весник преку кој луѓето се запознаваат со секојдневното пулсирање. Како и каде да ги сместиме ликовите тие ќе виреат со сојата неспособност, алчност, малограѓанштина, но и добрина, позитивни во пораката, ценети и ликови со соите високи или ниски побуди. Моника на мошне суптилен речиси лиричен раскажувачки тон умее да го доведе овој или оној нејзин лик пред свршен чин, пред безизлез, снобовски елемент на живеење. Но исто така таа знае мошне вешто користејќи ги класичните средства при раскажувањето и да го избави својот миленик од сите негови патешествија, од несовршеностите или заблудите во кои сакајќи или не случајно или намерно пропаднал.
Со овој свој роман, Fatalité, Моника длабоко загазува во романескната литература. Таа го завршува импресивнороманот, но знам дека во неа веќе вирее нова мисла која се разработува да зафати корен за идно прозно појавување.
Колоритното, често контрастно здржано размислување за ликовите со кои се среќава при прочитувањето на класичната литература, која патем речено ја повикува Моника да го изгради сопствениот светоглед, таа понудува креативност која е врска помеѓу блискоста на настаните од литературата и настани од нејзината уметничка или реална фикција како огромно богатство во творењето.Луѓето живеат и експонираат видливи и еднакви паралели, текови, лични приказни, потпрени на својот книжевен изблик, било каде, било кога, со јасен поттик да се прикаже сета човекова слабост или доблест. Моника Игевска Ризова како автор будно стои исправена пред сите неправедни искушенија на нејзините ликови, таа е тука како скротител и на мислата и на животот во целина на сите свои ликови. Настојува постојано тие да ја имаат посакуваната почва за егзистирање.
Илија Мерковски
User Avatar User Avatar User Avatar
36,114 currently reading
User Avatar User Avatar User Avatar
152,889 want to read
Sponsored
Sponsored

Book details & editions

ISBN 6082465253
Publisher Дата песнопој
Publication date May 2025
Language MKD
Pages 213 pages
Sponsored
Sponsored
About the Author
Monika Igevska Rizova

Monika Igevska Rizova

Follow
Known for writing in a clear, engaging, and easy-to-follow style. The work feels natural and flows smoothly, making it enjoyable from beginning to end.

Ratings & Reviews

5 ★
76%
4 ★
18%
3 ★
4%
2 ★
1%
1 ★
1%
4.75
BlueReads Choice
Sponsored

Write a Review

Community Reviews

Sort by:
Sponsored
Sponsored
Sponsored Content